Балкан Вести

Студенти приведени по вчерашните протести во Нови Сад

Полицијата во Србија синоќа приведе студенти, кои со марици се однесени во полициската станица „Стари град“, а уапсен е и еден лекар кој бил дел од медицинскиот тим на студентите. По 2:30 часот наутро, полицијата почна да ги пушта студентите и граѓаните во групи од зградата на Ректоратот во Нови Сад.

Граѓаните се засолниле во Ректоратот откако полицијата интервенирала со голема количина солзавец, изјавил за „Н1“ Норберт Шинковиќ, професор на Филозофскиот факултет.

Во текот на вчерашниот ден во Нови Сад се одржа протест „Србија, дали се слушаме?“. Илјадници граѓани присуствуваа на собирот, а кон крајот, Министерството за внатрешни работи на Србија издаде предупредување по наводни информации дека полицијата ќе биде нападната.

Полицијата потисна сè пред себе, многу граѓани беа повредени, беа употребени хемиски средства, јавува „Н1“. Додека српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека е задоволен од реакцијата на полицијата.

И утрово  полицијата сè уште е на кампусот во Нови Сад и е стационирана пред зградата на Филозофскиот факултет и зградата на Ректоратот. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека 13 полицајци биле повредени во Нови Сад  вечерта и дека вкупно 42 лица биле приведени. Студентите кои биле приведени во Ректоратот биле ослободени во текот на ноќта, додека таткото на една студентка бил приведен до 48 часа.

Протестите на студентите, прво беа предизвикани од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на први ноември 2024 година, при што загинаа 16 луѓе, потоа тие прераснаа во масовни протести на граѓаните кои бараат промена на власта.

Голем протест на студентите во Нови Сад

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе