Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале на ИТФ турнирот во Слобозија, Романија. За Ѓорческа тоа ќе биде четврто финале во 2025 година и ќе атакува на втората титула.
Македонката во денешното полуфинале беше подобра од романската тенисерка Марија Попа со 2-0, по сетови 6-1 и 6-4. Во финалето Ѓорческа ќе игра со уште една романска тенисерка Елена Бертеа, која во два сета со 6-3 и 7-6 ја победи сонародничката Георгина Кракун.
Ѓорческа годинава три пати играше финале на турнирите во Куршумлиска бања. Го освои првиот во јуни годинава, а потоа во август имаше два порази по ред во мечевите за титулата. Нашата најдобра тенисерка досега во кариерата има освоено 14 титули, а најдобрите сезони ги имаше во 2015 и 2016 година, кога освои по три трофеи.
