Њукасл го комплетираше трансферот на Ник Волтемаде од Штутгарт за рекордни 85 милиони евра.
Премиерлигашот ќе плати 80 милиони евра обештетување за Германецот и дополнителни 5 милиони во бонуси.
Волтемаде ланската сезона во Бундеслигата во дресот на Штутгарт постигна 17 голови на 33 натпревари, а летово беше најдобар стрелец на Европското првенство до 21 година со шест погодоци за Германија.
Високиот голгетер е најскапото засилување во историјата на Њукасл, кој сега се подготвува за продажба на Александер Исак. Швеѓанецот е надвор од тимот, бидејќи сака трансфер во Ливерпул. Се очекува „црвените“ да платат неверојатни 120 милиони фунти обештетување за Исак.
