Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,64% во однос на претходната одлука од 18 август.
Според РКЕ од вечерна на полноќ максималните малопродажни цени ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,00 ден/л
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,00 ден/л
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,00 ден/л
- Масло за горење Екстра лесно (ЕЛ-1) – 67,50 ден/л
- Мазут М-1 НС – 38,265 ден/кг
Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за 1 денар по литар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 0,5 денари по литар, додека цената на мазутот се намалува за 0,378 ден/кг.
РКЕ објаснува дека корекцијата на цените е резултат на зголемувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензините и дизелот, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Од Регулаторната комисија потенцираат дека ова се максималните дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат продажните цени и пониско.
