Вести Култура

Иван Штрпка стана почесен член на ДПМ

Во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети- гости на Струшките вечери на поезијата, на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му беше врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија. При врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, изјави дека на македонските писатели им е особено драго што оваа година за првпат словачки поет е лауреат на Струшките вечери на поезијата, а со тоа и почесен член на Друштвото.

Претседателот на ДПМ му посака на лауреатот долги години добро здравје и плодна работа и соработки. Поетот Иван Штрпка, од своја страна, по примањето на плакетата изјави дека ова признание „е и една отворена порта плус, уште повеќе во иднина да се разменуваат поетските енергии меѓу поетите од Словачка и Македонија, бидејќи и на двете страни врските ни се многу важни. Бидејќи сме на истиот брод и пловиме на една палуба заедно.“

Друштвото на писателите на Македонија во изминатите дваесетина години од своето работење веќе имаше воспоставено два поблиски контакти со поети од Словачка: Франтишек Липка и Мирослав Биелик, на кои во 2006 и 2020 година беа лауреати на наградата „Книжевен Жезол“, која ДПМ ја доделува во рамки на манифестацијата „Празник на липите“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставни измени и внесување на Бугарите – Радев со порака до „браќата“ од Северна Македонија

Дејан Дејан

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Дејан Дејан

(видео)„Бог, секс и ЕУ овие три работи не можете да ги предвидите“, одговори Еди Рама на прашањето кога Албанија ќе се приклучи на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе