Немања Матиќ се врати во Серија А и во новата сезона ќе го носи дресот на повратникот во елитата Сасуоло. Српскиот интернационалец играше за Рома во сезоната 2022/23 по што замина во Франција, каде следните две сезони настапуваше за Рен и Лион.
Поранешната ѕвезда на Челси и Манчестер јунајтед со Сасуоло потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Искусниот 37-годишен играч за врска освен за премиерлигашките гиганти во кариерата играше и за Бенфика, Витезе, Кошице и Колубара во родната Србија.
