Близнаците Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите со македонскиот првак Еурофарм Пелистер. Тие се обврзаа на верност до јуни 2028 година.
Двајцата ја почнаа кариерата во Еурофарм Пелистер 2, но за кратко се наметнаа во првиот тим, каде сега се значаен дел од играта на битолчани.
Двајцата иако имаат по само 22 години зад себе веќе имаат три шампионски титули во домашното првенство и два Суперкупови на Македонија, како и настапи во Лигата на шампиони и на големите натпреварувања за националниот тим.
