Арсенал го договори трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас за обештетување од 68 милиони фунти.
„Топчиите“ ќе платат обештетување од 60 милиони, а дополнителните 8 милиони ќе бидат во бонуси.
Се чинеше дека Езе е многу близу да направи трансер во редовите на Тотнем, но Арсенал во последен момент испрати поголема понуда и го доведе повремениот англиски репрезентативец во своите редови.
Офанзивниот играч, кој има 27 години всушност своите први фудбалски чекори ги направи токму во академијата на Арсенал . Професионалното деби го имаше во дресот на Квинс Парк Ренџерс, каде играше од 2016 до 2020 одина, а последните пет години ги мина на „Селхурст парк“ во Кристал Палас.
