Балкан Вести Топ вести

Брнабиќ: „Падот на настрешницата во Нови Сад е диверзија“

Ноќ исполнета со протести во повеќе градови но со многу помал интензитет и насилство какво што изобилуваше изминатите неколку дена во Србија. Ниш, Нови Сад, Суботица и уште неколку града беа местата каде што граѓаните кои се на страна на студентите и против претседателот Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија.

Од друга страна пак, власта најавува привидно затишје во поглед на реакција на протестите а потоа одлучна акција додека претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изрази сомнеж дека трагедијата во Нови Сад е всушност диверзија.

Во Нови Сад граѓаните протестираа пред зградата на Судот каде што се вршеше распит на неколку лица кои беа приведени минатата недела а дел од нив се осомничени за нападот врз армиските специјалци „кобри“ и се товарат за обид за убиство. На петмина од нив им е изречен триесетдневен притвор а еден е во куќен притвор.

Во Суботица граѓаните пак бараа од полициските службеници да се солидаризираат со нив и да се повлечат.

Во Ваљево и во Белград каде изминатите неколку дена имаше масовни протести и демолирања на штабовите на владејачката партија но и на локални и државни институции, вчера немаше протести.

Ана Брнабиќ, поранешната премиерка а сега претседател на Собранието на Република Србија во телевизиско интервју околу трагедијата во Нови Сад изјави дека се сомнева дека станува збор за диверзија што дополнително ја разбранува тамошната јавност.

Таа, како и претседателот Вучиќ, најави дека во наредните неколку дена државата ќе биде „помирна“ во поглед на секојдневните протести а потоа ќе следува жестока и решителна акција и одговор со кој би се вратил како што најавуваат редот и поредокот во Србија.

Претседателот Вучиќ пак најави приведувања на сите лица кои учествувале во насилните протести во Белград и во Ваљево, па дури и тие кои биле маскирани, бидејќи полицијата ги идентификувала „по конституцијата“.

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предлага тет-а-тет средба со Путин за завршување на војната во Украина

Дејан Дејан

Мерц и Макрон со нон-пејпер за Западен Балкан

Tea Dimkovska

Мехмети: Граѓаните очекуваат политики, а не отворање базени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе