Еберечи Езе е најновиот приоритетен трансфер за Тотнем ова лето. Се очекува Спарс да се откажат од намерата да го ангажираат Савињо за кого Манчестер сити бара 70 милиони евра обештетување и целиот фокус да го стават кон ѕвездата на Кристал Палас.
Менаџерот на лондонскиот клуб, Томас Франк бара замена за Џејмс Медисон, кој ги скина лигаментите на коленото и ќе ја пропушти речиси целата сезона, па Езе би бил идеална замена.
Повремениот англиски репрезентативец е на листата на желби на Арсенал, но Микел Артета прво треба да продаде неколку фудбалери.
Езе е дел од Кристал Палас уште од летото 2020 година, кога пристигна од редовите на КПР за 19,5 милиони фунти.
