Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, соопшти дека цената на топлинската енергија во Скопје за сега останува иста. Нема никаква промена на трите системи на Град Скопје.
РКЕ ги анализираше барањата на претпријатијата коишто ги доставија за цената. За донесување на одлука е потребна проценка на вредноста на основните средства , односно на топланите, велат оттаму.
РКЕ сѐ уште го нема добиено извештајот од Бирото за процена и треба да го добие најдоцна до октомври.
Инаку, претходно компаниите за испорака на топлинска енергија побараа зголемување на цената од 50 отсто. Од регулаторот побарале признавање на повисоки трошоци за гас, за инвестиции, но и трошоци за вработивања кои ги направиле во изминатиот период.
-Имаме основни средства за производство на топлинска енергија кои што се во сопственост на една компанија се дадени под закуп на ЕСМ производство за топлинска енергија. Во овој период ги очекуваме процената на овие основни средства која што ја изготви бирото за процена. Ние сме во постојана комуникација, даваат се од себе да ја завршат оваа процена на основните средства кои што се користат за производство на топлинска енергија, изјави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
Околу цената на природниот гас, од Регулаторна велат дека има промена на фјучерсите за наредниот период во 2026 и последниот квартал од 2025, со невообичаено големи промени за плус пет евра по мегават час. Сега се 1-2 евра пониски од таа одлука којашто е донесена во јануари.
Петар Догов
