Вести Македонија Најважни

Родителите критикуваат додека Владата демантира

Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, јавно се огласија преку социјалните мрежи, споделувајќи детали од средбата со премиерот Христијан Мицкоски, која се одржа во понеделник во Владата на Република Македонија.

Велат дека средбата била свикана на иницијатива од Владата, откако тие на 1-ви јули испратиле официјално барање до премиерот, претседателката и претседателот на Собранието. Во писмото од Здружението на граѓани „16 март 2025“ се наведува дека средбата со премиерот, Мицкоски наместо да се одржи во Кочани, од кабинетот на премиерот им било соопштено дека од безбедносните причини не дозволуваат тој да патува, па состанокот мора да се одржи во Скопје.

„На состанокот, очекувавме сочувство и човечки пристап, но бевме дочекани со неразбирање и навредливи коментари. Премиерот, според неговите зборови, дури тогаш го видел нашето барање, иако уште на 3-ти јули ни беше потврдено дека е примено и разгледано. Особено болен и понижувачки беше неговиот одговор на барањето за парична помош: „Одредете си цена за вашите деца“. Тие зборови не беа само навреда, туку газење врз болката и достоинството на секој родител“, стои во во писменото соопштение на Здружението „16 март 2025“.

Од Владата денеска пристигна реакција и во неа се наведува дека не се точни овие наводи и се прави злонамерно дефокусирање и злоупотреба на трагичната судбина. Од Владата истакнуваат дека сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на намерите и постапките на Владата, определувајќи ги како длабоко нечовечни што е несоодветно и неточно.

„Владата ќе биде секогаш тука за семејствата и што се однесува до нашиот ангажман и тоа што зависи од нас, ќе се трудиме правда да има, и ќе се бориме утеха некаква ако може да се најде, и секогаш ќе бидеме потпора на семејствата, во нивните потреби, барања и предизвици. Затоа што ова е и наша болка и тага, и тие не се мерат и споредуваат, туку се докажуваат со дела кои ние ги правиме и планираме да ги правиме“, се вели во соопштението од Владата.

Инаку на средбата во понеделникот присуствувале поголем дел од родителите и семејствата на трагично загинатите во пожарот. Во барањето кое е доставено од нивна страна до државниот врв се бара еднократна парична помош, предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на загинатите, право на отсуство или заштита на работно место по трагичната загуба, како и поддршка и заштита на децата кои загубија родители и на браќата и сестрите на починатите. Утре во Кочани во 18.05 е закажан нов марш на ангелите, како симбол на задоцнета реакција на институциите.

Викторија Јованова

Предметот за трагедијата во дискотеката „Пулс“ се пресели од Кочани во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Реконструкцијата е вовед во предвремени избори критикува опозицијата, но за власта е нова фаза во развојот на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе