Вести Економија Топ вести

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Денеска продолжува расправата во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2025 година… Министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, истакна дека вкупните приходи се проектирани на 362,4 милијарди денари, што претставува раст од околу 1% во однос на претходниот буџет… Вкупните расходи се планирани на 403,7 милијарди денари, со акцент на зголемување на капиталните расходи за 300 милиони денари, како и обезбедување средства за зголемени плати во Министерството за внатрешни работи и зголемени пензии… Фискалниот совет ја поздрави усогласеноста на ребалансот со буџетската стратегија, но нагласи дека е важно капиталните инвестиции да се реализираат согласно планираното, без пренамена на средства за тековни расходи… Опозицијата, пак, го критикува ребалансот, сметајќи дека не е насочен кон продуктивен развој и дека претставува фискална неодговорност… Претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев, истакна дека доколку инвестициите не се реализираат како што е планирано, треба да се заштедат и пренаменат за наредните години… По завршувањето на општата расправа, ќе следи амандманската расправа, за која се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 се од опозицијата… Очекувањата се дека ребалансот ќе биде усвоен најдоцна до првата недела од август…

Битиќи: Ребалансот на буџетот е розев само за владата

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе