Вести Македонија Топ вести

Наталитетот во слободен пад

Македонија старее, но ѝ се празни. За 15 години, бројот на новороденчиња во државата драстично се намалил. Во 2010 година имало околу 24 илјади бебиња, а лани се родиле 16 илјади, односно 8.200 помалку.

Според досегашните податоци 10 проценти од децата родени во последните 10 години ја напуштиле државата со нивните родители пред да се запишат во прво одделение. Во многу од општините е забележан пад на наталитет од над 60 проценти, со алармантен тренд на едноцифрен број на новородени деца.

Најмногу се празни југоисточниот и источниот регион. Секое второ дете „недостига“ во споредба со 2010 година. A во скопскиот регион се забележува намалување дури од 21 отсто на новородени деца.

Според демографот Герасимовски во Македонија од 2019 година започнува негативниот природен прираст, што значи дека има зголемување во морталитетот во однос на наталитетот.

Влатко Ѓорчев, националниот координатор за демографија смета дека иселувањето нема област која во идниот период нема да ја опфати државата, започнувајќи од пазарот на труд, па се до високите даноци.

Според демографски проекции, населението во Македонија ќе продолжи да се намалува, при што до 2055 година се очекува да падне под 1,3 милиони жители, а со тоа дополнително да се зголемат економските и социјалните предизвици на земјата.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе