Вести Економија

„Манивал“: Македонија постигна напредок во борбата против перење пари

Македонија постигнала напредок во зајакнувањето на својата законска и институционална рамка за борба против перење пари и финансирање тероризам, стои во новиот извештај на „Манивал“, но се додава дека се потребни дополнителни напори за решавање на преостанатите недостатоци.

Телото на Советот на Европа за борба против перење пари, утврди  подобрувања во законската и институционалната рамка на земјата, особено во поглед на три препораки на Работната група за финансиска акција (ФАТФ). Тие вклучуваат правила за банкарски трансфери, внатрешни контроли и за надзор на странски филијали, како и транспарентност околу тоа кој е крајниот сопственик на фондови.

„Од последната евалуација во мај 2023, Северна Македонија ја подобрила својата усогласеност со стандардите на ФАТФ. Три од препораките претходно оценети како ‘делумно усогласени‘ сега се сметаат за ‘во голема мера усогласени‘. Сепак, напредокот во регулирањето и надзорот на финансискиот сектор не беше доволен за да се промени нејзиниот рејтинг, кој останува ‘делумно усогласен‘“, стои во извештајот.

Од 40 препораки на ФАТФ, 31 се оценети како усогласени или во голема мера усогласени, а девет како делумно усогласени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе