Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“, денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан.
Форумот ќе ги собере водечките претставници од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор за да поттикне дијалог и соработка за забрзување на енергетската трансформација во регионот.
Првиот ден од форумот ќе биде одбележан со панел-дискусија за напредокот и предизвиците во исполнувањето на целите од Парискиот договор.
Главни цели на форумот се продлабочување на регионалната соработка, унапредување на индустрискиот развој и истражување на новите технологии во енергетиката, со фокус на декарбонизацијата до 2050 година.Настанот ќе трае два дена, овозможувајќи размена на идеи и иницирање партнерства за одржлива енергетска иднина на Западен Балкан.