Вести Култура Македонија

„ 12“ на МНТ победи на 59. МТФ„ Војдан Чернодрински“

Претставата „ 12 “ во продукција на Македонскиот народен театар, ја освои главната награда , за уметничко остварување на претстава во целина на 59 МТФ „ Војдан Чернодрински“, што завршува вечерва. Актерот Оливер Митковски за неговото остварување ја понесе наградата за машка епизодна улога „ Димче Трајковски“, а претставата доби и специјална награда за колективна актерска игра. Зад оваа одлука стои меѓународното жири во состав: Нела Оташевиќ- театарски продуцент, Иван Меденица- театролог и Лилија Абаџиева- режисерка и претседател на жири комисијата.

  • Во „ 12“ , во работата на актерите има внатрешна вистина на преживување, психолошка вистинитост и пленат актерите, органски. За мене „ 12“ е исклучително постигнување на секој еден актер од екипата, рече Лилија Абаџиева, претседателка на жири комисијата.

Награда од публиката освои претставата „ Слепци“ на Турскиот театар. Награден за режија на претставата е Ќендрим Ријани. Медина Хоџа доби награда за рекламен материјал, а Слаѓана Вујошевиќ награда за млада актерка.

  • Многу сум среќна за сите награди што ги добивме како ансамбал. Многу, многу ја сакаме оваа претстава, со многу љубов ја играме и се надевам дека што повеќе публика ќе ја гледа во најбрзо време, кажа Слаѓана Вујошевиќ, наградена за млада актерка за претставата „ Слепци“.

Наградата за сценографија ја доби Валентин Светозарев, за претставата „ Рацин“ , на театарот „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес. Васил Зафирчев освои награда за кореографија и сценски движења во оваа претстава, а наградата за музика „ Филип Стевановски“ ја понесе Сашко Костов. Наградата за костимографија оди кај Самка Фери , за претставата „ Ричард Трети“, на Албанскиот театар. Награда за драматизација и адаптација доби Јелена Цветановска , за текстот „ Црно семе“ од истоимената претстава на Битолскиот театар,а актерот Мартин Мирчевски за ликот на Совичанов ја понесе наградата за главна машка улога. Наградата за современ драмски текст оди кај Ана Ристоска- Трпеноска, за текстот за претставата „ Парови“ на Драмскиот театар. Марија Минчева- Андонов, за улогата на Мајката во претставата „ Сите прекрасни нешта“, на ЦК од Штип ја доби наградата за главна женска улога. Награда за женска епизодна улога освои Маја Љутков, за ликот на Гвендолин Пиџн, во претставата „ Пар- распар“ на театарот Комедија, а за ликот на Медисон во истата претстава Атанас Атанасовски ја освои наградата за млад актер „ Трајко Чоревски“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе