Спорт Фудбал

Трајковски херој против Астана: Македонија е без пораз 10 натпревари

Македонската фудбалска репрезентација се враќа со три бода од гостувањето кај Казахстан во рамки на четвртото коло во квалификациите за СП 2026. Нашиот тим овој пат не блескаше со играта, но успеа да дојде до победата благодарение на голот на Александар Трајковски.

Македонија ја продолжува одличната форма во групата Ј и по четири одиграни натпревари нема пораз, односно собра осум бодови со две победи и две ремија. Денеска во Астана, нашиот тим играше тешко и може да се каже дека среќно дојде до победата.

Домаќините уште во 16-тата минута се заканија и Кенжебек ја погоди стативата од голот на Столе Димитриевски. Македонија поведе во 33-тата минута преку Александар Трајковски, кој шутираше со волеј на одбиената топка по удаорт на Бојан Миовски.

Во вториот дел, Македонија премногу се повлече на својата половина и му ја препушти играта на противникот, кој пак постојано беше опасен со удари од далечина и нафрелни топки во шеснаесетникот.

Казахстанците уште два пати ја погодија рамката од македонскиот гол. Прво Самородов во 58-та минута ја шутираше во пречката од голема далечина, а во 85-тата ударот на Сатпајев исто така заврши во стативата.

На крајот сепак се бројат головите, а Македонија беше подобра од Казахстан за погодокот на Трајковски.

Ова е десеттиот натпревар по ред без пораз на Македонија сметајќи ја и Лигата на нации. Последниот пораз го имавме од Чешка на пријателски натпревар пред точно една година.

Во септември Македонија ја пречекува селекцијата на Лихтенштајн во рамки на 5.коло во мундијалските квалификации.

ФОТО: ФФМ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе