По отказот на Ејнџ Постекоглу, Тотнем се подготвува да го назначи Томас Франк за нов менаџер.
Данецот е во завршни преговори со Спарс и ќе го напушти Брентфорд што претходно го водеше од 2018 година. Во кариерата, Франк го водеше и Брондби и младинските селекции на Данска.
Лондонскиот клуб минатата сезона имаше очаен настап во Премиерлигата на 17-тото место, но ја освои титулата во Лигата на Европа и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.