Вести Култура

(ЕКО) Феминизам во пракса

Вреди да се се размислува на кој начин преку полето на културата и уметноста можеме да говориме за екологија, феминизам и политики кои влијаат на развојот на општеството денес.

Факт е дека кај нас ретко се зборува за овие теми, додека на меѓународната сцена се повеќе се размислува за нив и на кој начин тие функционираат во пракса, вели Тануровска – Ќулавковски.

Основата за еко феминизам е грижа, исто така на некој начин противење на оние нови екстрактивистички форми на капитализмот кои што доаѓаат и гледаме како ја руинираат екологијата околу нас и јавниот простор кој се повеќе и повеќе недостасува, вели Тануровска – Ќулавковски.

Во меѓувреме се потврдува дека уметноста не се плаши да говори за теми за кои што другите сфери можеби и немаат можност да говорат, градејќи нови општествени средини и поинакви форми на заедници. Во моментов работиме на проект во сферата на кулинарството и начинот на кој можеме да дејствуваме на климатските промени, вели Ердоди. За многумина и гастрономијата е уметност која нуди цела палета на можности.

Каде што ги трансформираме институциите и гастрономијата во нив, да одговориме на климатската криза. Локалните услови и климатските промени, на пример да го променат менито и тоа е начин да се трансформира институцијата, да се едуцира публиката за климатски промени и втората иницијатива која ја имаме е „Автобусот за перформнаси“ каде што ние како институција од главниот град Будимпешта, ќе патуваме во различни рурални региони за да ја претставиме современата уметност и критичката култура во места каде што нема можност да се организираат повеќе културни активности, рече ердоди.

Во рамките на фестивалот Перформанс Платформа во МКЦ се одржува и македонската кореографска платформа со осврт на современиот танц во земјава и условите во кои се развива.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе