Вести Македонија

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Социјалдемократската младина бара одговори по синоќешните сцени со пиротехника на конференцијата на нивните колеги од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Се повикуваат на членот 31 од законот што беше донесен по трагедијата во Кочани  на предлог на владејачката партија и со кој беше забранета неовластена употреба на пиротехника.

Скандал е да се пали пиротехника која што е забранета а беше и причина за пожарот и големата трагедија во Кочани. Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови. Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. Бараме МВР да постапи без одлагање. Кој одобрил? Кој набавил? Кој наредил употреба на пиротехнички средства? Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на кој што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат, изјави Марта Крстеска од  Социјалдемократска младина.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не прекршиле ниту еден закон, од причина што собирот беше на отворено.Дополнителен аргумент им е и дека, факелите се пиротехнички средства од пониска категорија.

Бакљите спаѓаат во група на пиротехнички средства од трета категорија, кои што се во слободна продажба и без обврска на продавачот да го извести надлежниот орган, односно отсекот за оружје. Се продаваат на физички лица кои што не треба да имаат посебен документ за ракување а се продаваат со упатство за употреба, односно напомена дека не смее да се користат во затворени простории. СДС намерно го изоставува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ ги почитува сите параметри и предвидени законски норми за одржување на собири, рече Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ.

Со законот што беше донесен на предлог на ВМРО-ДПМНЕ по трагедијата во Кочани,  за неовластено приредување на огномет, факелијада или слична приредба или не преземање на мерки за безбедност е предвидена глоба од 100 до 250 евра, за физичко лице, додека казните за правното лице се значително повисоки.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе