ТЕЦ Осломеј од вчера е надвор од функција. Од ЕСМ за Телма велат дека централата е исклучена од енергетскиот систем поради активирање на заштита на усисен вентилатор. Тврдат дека не е предизвикана штета на постројката и дека во моментов стручни тимови работат на проверка и интервенција на проблемот.
Очекувањата се дека ТЕЦ Осломеј повторно ќе почне со производство на струја во следните 24 до 48 часа.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.