Балкан Вести Економија Свет

Бугарија го воведува „еврото“ – граѓани поделени

Откако Европската комисија препорача на Советот на Европската унија да го одобри влезот на Бугарија во еврозоната, со почеток од први јануари наредната година бугарските граѓаните со поделени мислења каков ќе биде исходот.

Дел од нив сметаат дека со воведување на еврото цените во бугарските маркети ќе пораснат, а платите ќе се намалат, а со тоа и стравот од инфлација и сиромаштија ќе се зголеми.

„Дефинитивно не, бидејќи се плашам дека ќе ги намалат платите за 50 проценти, додека цените ќе растат, како сега – 1,99 може да стане две евра“ вели бугарски жител.

„Сепак мислам дека е исправно да се задржи бугарскиот идентитет“ додава бугарска жителка.

Сепак за многу од граѓаните ваквиот чекор ќе биде олеснителен за државата која веќе од 2007 година е членка на Европската Унија.

„За сите ќе биде полесно. Не ги разбирам овие пресметки, дека би било поскапо. Без разлика дали вели две лева или две евра, каква е разликата? Не знам на што се темелат загриженостите. Кој не сака евра може да земе рубљи“ изјави бугарски жител.

Нa прашањето: Ви покажувам банкнота од 50 евра. Дали нешто на неа ви се издвојува?

„Па, да, има кирилица – не само грчка, не само латински букви, туку и кирилица, што значи дека сме дел од неа“ вели бугарска жителка.

Условите кои Бугарија ги исполни за да може да го воведе еврото беше ниската инфлација, контролирање на дефицитот и долгот, ниските долгорочни каматни стапки и стабилниот девизен курс помеѓу левот и еврото.

Патот на Бугарија кон приклучување кон еврозоната помина низ период на политичка нестабилност, и покрај исполнетите услови, државата останува најсиромашната членка на Унијата.

Теа Димковска

Инфлацијата во еврозоната падна под целната стапка на ЕЦБ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата со нова телефонска линија за повредените и семејствата од Кочани

Дејан Дејан

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Дејан Дејан

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе