Поминаа 9 месеци од големата полициска и даночна акција во фирмите поврзани со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, но официјална истрага сѐ уште не е отворена.
Инспекторите велат дека се работи за обемни истражни дејствија врз многу фирми од кои некои и надвор од земјата. Крмзов, пак, вели сѐ е чисто.
КОД уште минатата година го истражуваше случајот со продажба на дел од фирмите на Крмзов на косовски државјани, кои подоцна се испостави дека не постојат.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.