Вести Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција.

Утре со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар “Борис Трајковски” ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат возилата во близина на спортскиот центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе