Спорт Фудбал

Родриго повеќе не сака да игра за Реал Мадрид

Во Реал Мадрид летово ќе има неколку промени во играчкиот кадар по лошата сезона, а прв на излезна врата е Родриго.

Бразилецот, наводно, е несреќен во клубот и размислува за заминување. Интерес за крилниот напаѓач има од премиерлигашите Ливерпул, Арсенал, Манчестер сити и Челси, но во трка за неговиот потпис може да се вклучи и ПСЖ.

Моменталната цена на 24-годишниот офанзивец на трансфер-пазарот изнесува 100 милиони евра. Во дресот на „лос бланкос“ сезонава, Родриго одигра вкупно 50 натпревари со 13 голови и 10 асистенции во сите конкуренции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ундав е херојот на Германија, Јапонија го декласираше Тунис, а Курасао освои историски бод (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Холандија ја прегази Шведска за прва победа на СП 2026

Sportska Redakcija

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе