Спорт Фудбал

Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид до 2028 година

Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој наскоро и официјално ќе се збогува од кралскиот клуб и тоа најверојатно без трофеј во оваа 2025 годинa.

Алонсо имаше три одлични сезони на клупата на Баер Леверкузен, каде официјално најави заминување една година пред истекот на неговиот договор. Германците имале џентлменски договор со тренерот да си замине кога ќе посака, без клубот да му прави никакви проблеми.

Шпанецот на клупата на Леверкузен седна во октомври 2022 година и од претпоследното место на табелата во Бундеслигата го одведе до шестото, а веќе во следната сезона дојде и до шампионската титула во Германија.

Алонсо ќе потпише договор со „кралевите“ до јуни 2028 година. Тој добро го познава клубот, бидејќи е поранешен играч на Реал Мадрид, чиј дрес го носеше од 2009 до 2014 година. Важи за еден од најдобрите млади тренери, кој преферира офанзивен фудбал, токму каков што им е потребен на „лос бланкос“.

Според шпекулациите, Алонсо во Мадрид ќе се пресели заедно со својот стручен штаб од Леверкузен и се очекува да почне со работа уште на 1.јуни. Клубот сака да го искористи Светското клупско првенство летово за тој веднаш да ја наметне својата филозофија и формација во играта на тимот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе