Вести Економија Топ вести

ССМ: Утре протестираме за повисоки плати

Во пресрет на 1 мај, Mеѓународниот ден на трудот, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) повторно ги вкрстија копјата околу тоа кој подобро ги застапува правата на работниците и кој ги кочи процесите. За едните протест не треба да има, бидејќи имало добар социјален дијалог со Владата, другите ќе излезат на улица за да бараат поголема плата и подобри услови.

За разлика од минатото, утре нема да има марш, туку протест кој го организира ССМ.

„Нашите барања не се од денес, не започнаа вчера и нема да завршат утре. Протестот е начин на 1 мај да изразиме незадоволство од висината на платите кои ги примаат работниците во Македонија и кои се најниски во регионот“, изјави Трендафилов.

КСС останува дома, бидејќи е задоволен од дијалогот со Владата, иако Економско-социјалниот совет не функционира и се кочи процесот на утврдување на репрезентативност на ССМ. Оттаму велат дека токму ССМ не дозволува повисоки плати во администрацијата.

„Секогаш низ годините кога ќе осетиме потреба дека треба да излеземе на протест, излегуваме на протест. Tоа сме го докажале, дали требало да биде протест или треба да биде штрајк. Сега, оваа година, како и претходната година кога ете ги повикавме сите пратенички групи да го дадат своето размислување во делот на програмите, да ветат пред нас, така и оваа година сакаме низ дијалог да ги решаваме проблемите. И без репрезентативни синдикати на ниво на грански синдикати разговаравме повторно со Владата и имаше подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но сега ќе ги прашате оние кои утре излегуваат на протест одбиваат да се сложат и зошто нема да земат поголеми плати“, изјави Ралповски.

Од ССМ, пак, одговорија дека Синдикат не смее да биде продолжена рака на Владата, мислејќи на КСС, децидни се дека нема социјален дијалог и тврдат дека во моментов тие се уценети да се согласат за нов Општ колективен договор.

„Кога синдикалци поддржуваат владини политики, тоа секогаш е на штета на работниците. Тоа што го кажа претседателот на УПОЗ е дека има уцена за укинување на еден Колективен договор за 130.000 работници во јавниот сектор во Македонија на сметкa на неколку илјади работници во јавниот сектор. Тоа што забораваат да го кажат колегите од другите синдикати кои слават 1 мај на 30 април е тоа што тие прифаќаат далеку пониски износи од тоа што денес е предвидено и со закон и со колективен договор“, кажа Трендафилов.

Синдикатот најавува дека ќе ги следи цените на продуктите во маркетите, откако денеска завршува мерката за скалести маржи и доколку забележи скок ќе бара од Владата повторно да реагира за да ги заштити работниците.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе