Вести Култура

„Јон Вардар против галаксијата“ премиерно прикажан во Москва

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски, синоќа е премиерно прикажан во Москва, во рамки на Меѓународниот филмски фестивал – Москва (Moscow International Film Festival), информираа попладнево од неговиот тим.

– Московскиот фестивал важи за еден од најголемите во светот и е класифициран во А листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин, Венеција. Основан е во 1935 година, a редовно почна да се одржува од 1959 година. Фестивалот е познат по тоа што комбинира светски премиери, авторски филмови и амбициозни независни продукции од различни земји, се наведува во соопштението.

Предвидено е „Јон Вардар против галаксијата“ денеска да има уште една проекција во Москва.

– Првиот македонски долгометражен анимиран филм успешно го продолжува својот фестивалски живот, откако минатата недела се прикажуваше и на Меѓународниот фестивал во Буенос Ајрес, БАФИЦИ, што се смета за најголемиот и најважен фестивал за независен филм во Латинска Америка, се истакнува во соопштението.

„Јон Вардар против галаксијата“ е поддржан од Агенцијата за филм, со копродукции од Унгарија, Бугарија и Хрватска. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо од „Линкс студио”, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Скорин, арт – директор е Михајло Димитриевски- Мичо, а директор на анимација Димитар Ѓоргиев.

Во главните улоги настапуваат Жарко Димовски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе