Балкан Вести

Избрана нова српска Влада на чело со Ѓуро Мацут

Со 153 гласа „за“ и 46 „против’ српскиот Парламент денескa ја избра новата влада што ќе ја предводи Ѓуро Мацут, јави дописникот на МИА од Белград. На гласањето не беа присутни 51 пратеник.

За новата Влада на Србија гласаа членовите на владејачката коалиција од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“, Социјалистичката партија на Србија, Обединета Србија, ПУПС, Социјалдемократската партија на Србија и Сојузот на војводинските Унгарци. Против беа пратениците на опозициските партии кои присуствуваа на седницата.

На седниците на Собранието не присуствуваа членовите на коалицијата НАДА и Демократската партија. Економската политика на Србија нема да се промени. Така барем најави Ѓуро Мацут во експозето пред пратениците во Собранието. Политиката на одржување на макроекономската стабилност, каква што ја имавме досега, продолжува, вели тој.

Новата Влада на Србија ќе ја сочинуваат 30 министри, од кои има и од кабинетот на претходниот премиер Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка.

Пратениците од владејачкото мнозинство во расправата порачаа дека ќе поддржат избор на нова влада, а пратениците од опозицијата го критикуваа предлогот за мандатар.

Кандидатот за премиер Ѓуро Макут вчера ја претстави програмата и составот на неговиот кабинет.

Состав на новата српска Влада сочинува две третини од министрите кои ги задржаа местата што ги имаа во претходната влада кога премиер беше Милош Вучевиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе