Вести Македонија Топ вести

ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи, вели Меџити

Не го исклучивме Таравари од ВРЕДИ, тој се самоисклучи, изјави попладнево Изет Меџити, по завршувањето на состанокот во коалицијата. Тврди дека, претседателот на едното крило на Алијанса за Албанците веќе имал склучен договор со Ахмети и не му биле важни нивните понуди иако му понудиле да добие 35 до 40 отсто од градоначалничките и советнички места.

Во коалицијата се убедени дека одлуката на Таравари на локалните избори да настапат со самостојни листи за советници не се базира на ставовите на базата и анкетите, туку е во интерес на ДУИ, со кои тој се среќавал во последните месеци.

Меџити не одговори конкретно ниту на прашањето, дали после ова ќе бараат од Таравари да си замине од владата. Рече дека, со договорот со ДУИ, тој се става на страна на корупцијата и тоа може да биде реален проблем на владата, но дополнително ќе дебатираат за ова прашање. Бараат да им се извини на тие 107 илјади граѓани за тоа што се случи.

На денешниот состанок присуствуваа и пратеници, министри, градоначалници и други функционери од коалицијата, кои одлучиле да настапат со заеднички листи за советници и градоначалници. Деновиве ќе ги направат и изборните штабови за локалните избори. Состанокот дојде откако вчера Централното претседателство на Алијанса за Албанците одлучи на изборите ќе излезат со свои советнички листи, но и дека  соработката останува и не излегуваат од коалицијата.

Далиборка Демајaнска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Зошто ги пуштивме убијците на нашите деца?“ и зошто полицијата не е опфатена со истрагата – прашања по новиот марш за жртвите во Кочани

Дејан Дејан

Тешка несреќа со тројца мртви кај Кичево, тинејџер излета со БМВ и загина, трагичен биланс на сообраќајот, а се уште се чекаат законски измени и Сејф сити да „стапи“ на сцена

Дејан Дејан

Со долги списоци и полупразни ќесиња граѓаните се враќаат од пазарањето пред Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе