Вести Македонија Топ вести

МНР на Бугарија: Уставните измени не се единствениот услов

Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, е првото, но не и единственото барање до Македонија на најзиниот пат до полноправно членство во ЕУ. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, зборувајќи за пристапниот пат на Македонија.

„Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече: „ете, ви кажавме дека Бугарите немааат предвид само едно нешто“, изјави Георгиев.

Според Георгиев освен уставните измени европски консензус има  и спроведување на Договорот за добрососедство во Бугарија и протоколите кои произлегуваат до него, како и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата.

„Сето тоа треба да биде факт, во спротивно нема да има исполнување на европскиот конзесуз, нема да има исполнување на заклучоците на Советот, а доколку тоа не е факт нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер, каде што се човековите права“, изјави Георгиев.

Според Георгиев промената на Уставот само ќе го отвори патот за европската интеграциија на кој ќе треба да се осполнат и другите услови кои и ги поставила ЕУ и тој во тоа не гледа никаква билатерланост или отворено меѓудржавно прашање.

Георгиев, во интервјуто за емиоијата Брисел 1, искажа и несфаќање зошто македонските политичари молчат пред свооите граѓани и уставните измени ги претставуваат како единствено, а не како прво барање во процесот.

„Затоа постојано добронамерно им велам на колегите, навистина не сакам да дозволам да се мисли дека тоа се прави тенденциозно и со некаква задна намера. Спротивно на тоа има многу јасно црно на бело напишани услови преку кои процесот се движи“, изјави Георгиев.

Според Георгиев позицијата на Бугарија е кристално јасна и таа нема да го смени својот став, ниту има нешто кое ќе го побие европскиот консензус постигнат во 2022 година за интеграцијата на западниот Балкан во ЕУ.

Tамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За Трамп Харвард е „шега“ што „учи на омраза и глупости“

Дејан Дејан

Избрана нова српска Влада на чело со Ѓуро Мацут

Дејан Дејан

ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи, вели Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе