Филмови

ДРЖИ МЕ ЦВРСТО – петок, 11 април 2025, 22:15

Едно утро, Кларис одлучува да го напушти семејството. Додека сите сè уште спијат, таа се прикрадува, оставајќи го својот сопруг Марк и нивните две деца Луси (11) и Пол (8) зад себе. Додека Кларис пее во нејзиниот автомобил и се повеќе се оддалечува од куќата што ја делат, Марк и децата се прашуваат каде е и кога ќе се врати. Луси и Пол ја оставаат вратата од кујната отворена за неа ноќе во случај таа да се врати. Кларис, пак, се сели во друг град, започнува нова работа и се прашува каков ќе биде животот за нив тројца. Малиот Пол се уште чека да се врати мајка му. Времето поминува и семејните фотографии на фрижидерот се менуваат од четири на само три лица. Марк располага со парфемите и шампоните на Кларис. Децата созреваат; тие сфаќаат дека Кларис не се враќа. Не чекаат повеќе. Но, еден ден Кларис се враќа. Шишињата со парфеми се на вистинското место, старите фотографии се уште висат. Фантазијата и спомените се замаглуваат со реалноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ПОСЛЕДНИОТ ЛОВЕЦ НА ВЕШТЕРКИ -вторник, 22 април 2025 – 00:20

Дејан Дејан

БЛУБЕК – ПРИЈАТЕЛ ВО ОКЕАНОТ – понеделник, 21 април 2025 – 16:15

Дејан Дејан

МОЕТО НЕЗАБОРАВНО ЛЕТО СО ТЕС – понеделник, 21 април 2025, 10:00

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе