Вести Македонија Топ вести

„Соравија„ стана „Кула Валхала“

„Кула Валхала“ е новото име на бизнис центарот „Соравија“ на Дрин Ахмети, кој е на јавно наддавање. Валхала во нордиската митологија е живеалиште на војници загинати во борба.

Менаџментот во соопштение за јавност вели дека ова име означува почеток на ново поглавје за овој деловен центар. Ги уверуваат  своите деловни станари — и пошироката јавност — дека секојдневното работење во центарот останува нормално и непрекинато, како и дека се уверени во својата правна позиција додека се справуваат со ситуацијата.

Трговскиот центар се најде на оглас за продажба од скопскиот извршител Андреја Буневски поради долг од околу 930.000 евра кон бугарската Прва инвестициска банка. Почетната цена е 22 милиони 406 илјади евра. Во заклучокот за лицитацијата се наведува дека ова не е единствен долг на „Соравиа инвест“ кон истата банка која во 2020-тата издаде кредит на компанијата, а има и други пристигнати побарувања кон доверители.

Лицитацијата ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Буневски.

Фирмата од декември лани е во сопственост на австриска компанија поврзана со Хано Соравија, но Дрин Ахмети во интервју за КОД на Телма во јануари тврдеше дека тој оперира и го раководи центарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе