Вести Култура

Димитрија Доксевски нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

Актерот Димитрија Доксевски на свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Според статутот на ДФРМ, мандатот на Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Доксевски ја презентираше Предлог-програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.

Доксевски е македонски филмски и театарски актер, сценарист и продуцент, роден на 28 јули 1983 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 година магистрирал режија на истиот Факултет во класата на проф. Слободан Унковски.

Професионалната кариера ја почнал во Македонскиот народен театар во 2006 година каде останува до 2011 година. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во периодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и до денес е активен член на тој театар.

Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ државава, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од земјава.

Учествувал во организирање и продуцирање на повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од светот, продуцирање и организација на две големи музички (open air) фестивали со повеќе од 20 интернационални изведувачи, како и продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Руте: НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Дејан Дејан

Мицкоски: Амандманот за „модерен“ македонски јазик е лицемерие

Дејан Дејан

Паркингот на Клинички Центар не е доволен за сите – министерот нуди привремено решение

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе