Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Секој шести пациент има проблем со очниот притисок

/

Македонија

Сподели преку :

Нема симптоми, а е втора причина да се изгуби видот. Анализите на лекарите покажуваат сека секој шести пациент има проблем со очниот притисок.

Потврда е и денешната бесплатна акција во Штип, од 70 пациенти, кај речиси 40 % од нив им е измерен зголемен очен притисок. Лекарите велат нема регистер, ниту бројка колку пациенти во земјава имаат глауком.

Освен генетските, за покачен очен притисок ризик фактори се и алкохолот, пушењето, немање на физичка активност, современиот начин на живење, кој предизвикува стрес, како и неколкучасовното седење пред компјутер или телефон.

Очните лекари упатуваат апел пациентите кои се на возраст од 40 до 50 години задолжително да направат контроли. Проценките се  дека речиси 112 милиони луѓе во светот се изложени на ризик да ја развијат болеста до 2040 година.

Викторија Димитрова Јованова

Jumbo 2