Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв чекор до обнова на граничниот премин „Маркова нога“

/

Македонија

Сподели преку :

Преспа е пуста, туризмот замира, а во зачмаените села останало претежно постаро население. Дека регионот може да заживее како некогаш пред повеќе од половина век, а младите да се вратат дома, денеска искра надеж разбуди почетокот на изградбата на граничниот премин „Маркова Нога“ кон соседна Грција.

-Пред 1963 со велосипеди одевме таму, пешки до првото село одевме и беше многу убаво. Тие доаѓаа, вели Благој Туџаровски од Долно Дупени во преспа.

-Првите години ќе има интерес да одиме да идиме, инаку како и тука и селата во Грција нема ништо, стара популација, вели Лидија Туџаровска од Долно Дупени, Преспа.

Овој граничен премин беше затворен во шеесеттите години на минатиот век, по што запре комуникацита меѓу населението од двете страни на границата.

Иако најблиските села Долно Дупени во Македонија и Герман во Грција се оддалечени само 2 километри, сега за да се стигне од едното до другото, треба да се минат 250 километри во двата правци преку Меџитлија кај Битола.

Македонија во неколку наврати бараше повторно отворање на Маркова нога, а идејата се реафирмираше во 2018 година по потпишувањето на Преспанскиот догвор со цел да се поттикне туристичката и трговската размена. Проектот за изградба на комплетна инфраструктура чини 14 милиони евра, средства обезбедени од европските фондови, а се очекува да биде готов за две години.

Визијата за Преспа е она што го сакаат жителите од трите страни на границата. Тие сакаат визија која ќе биде фокусирана на размената на искуства,  економскиот развој, повеќе можности и зачувување на Преспанското езеро кое е европско наследство, рече евроамбасадорот Михаил Рокас.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа владини функционери, градоначалници, а премиерот Христијан Мицкоски, запрашан дали неговото присуство на проект кој произлегува од Преспанскиот догвор, значи дека го променил мислењето за овој документ,  рече дека и денес го има истиот став, но на реалноста треба да и се погледне во очи.

Емилија Мисирлиевска

Jumbo 2