Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставен со постапка за дел од Пописот

/

Македонија

Сподели преку :

Дали со Методологијата во Државен завод за статистика, поранешниот директор Апостол Симовски се ставил во улога на законодавец?! Се појави сомнеж дека Пописот се водел според Методологија која ја нема во Законот за попис.

По четири години од пребројувањето, а по скорешната иницијатива на еден пратеник од опозицијата, судиите од Уставен со мнозинство гласови одлучија да поведат постапка за неколку одредби од Методологијата со која се спроведуваше последниот Попис.

Во официјалното соопштение од Уставен се вели дека мнозинството судии ги стави оспорените одредби под сомнеж за нивната законитост, а преку тоа и нивната уставност.

Основано се појави сомнеж дали директорот на Заводот за статистика имал законски основ за донесување на оспорените одредби односно дали ги пречекорил своите овластувања и без законски основ во подзаконски акт уредувал законска материја. Доколку во втората фаза се потврди сомнежот тоа би значело повреда на правната сигурност како фундаментален принцип на владеењето на правото и повреда на начелото на поделба на власта, бидејќи се ставил во улога на Законодавец, се вели во дел од соопштението на Уставниот суд на РС. Македонија. 

Иницијативата ја поднел пратеникот Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт. Тој ги оспорил посебните категории како „вкупно резидентно“ и „вкупно нерезидентно население“, затоа што смета дека тоа го нема во Законот за попис.

Реџепи смета дека со оспорените одредби се повредува владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок и се создава правна несигурност.

Дополнително, тој навел дека е повредена еднаквоста на граѓаните како уставно загарантирано право поради фактот што ако некој граѓанин не се наоѓа во државата додека се врши Пописот, му се скратуваат одредени права, меѓу кои и правото на вработување.

Петар Догов

Jumbo 2