Кошарка Спорт

Оклахома пресилна за Денвер: Гилџеус-Александер постигна 40 поени (ВИДЕО)

Во дербито на двете најдобри екипи во Западната конференција Оклахома го совлада Денвер со 127-103 за седма победа по ред во НБА-лигата. Шеи Гилџеус Александер со 40 поени ги предводеше Тандер до триумфот, а Џејлен Вилијамс запиша 26 поени. Кај Нагетс, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 24 поени, 13 скока и му недостигаше една асистенција за трипл-дабл.

Ослабениот Далас загуби на домашен паркет од Феникс со 116-125, во дербито на Истокот, Кливленд славеше на гостувањето кај Милвоки со 100-112.

Филаделфија беше подобра од Јута со 126-122, Мемфис славеше во Њу Орлеанс со 104-107, Минесота убедливо го совлада Сан Антонио со 141-124, Детроит со 112-119 се радуваше кај Портланд, а Лос Анџелес клиперс го совладаа Сакраменто со 111-110 во продолженијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе