Кошарка Спорт

Бостон ја прекина победничката низа на Лејкерс (ВИДЕО)

Бостон славеше со 111-101 против Лос Анџелес лејкерс во најинтересниот натпревар утринава во НБА-лигата.

Џејсон Тејтум реализираше 40 поени со 12 скока, додека Џејлен Браун запиша 31 поен. Кај Лејкерс, кои го запишаа првиот пораз по осум победи по ред, најефикасен беше Лука Дончиќ со 34 поени, додека Леброн Џејмс зад своето име запиша 22 поени, 14 скока и 9 асистенции пред да се повреди во последната четвртина. Наводно ветеранот ќе мора да паузира неколку недели поради повреда на препоните.

Голден Стејт со 115-110 го совлада Детроит, а  Стеф Кари имаше 32 поени, додека Џими Батлер реализираше 26 поени

Јанис Адетокумбо броеше до 37 поени, но Милвоки загуби на домашен паркет од Орландо со 109-111.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Шарлот – Бруклин 105-102
Хјустон – Њу Орлеанс 146-117
Атланта – Индијана 118-120
Торонто – Вашингтон 117-118
Мајами – Чикаго 109-114

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе