Вести Македонија Најважни

Јандроковиќ: Сиви облаци над НАТО и ЕУ

Над ЕУ и НАТО се надвиснуваат сиви облаци, нивната иднина е непозната и затоа е потребно многу труд за да се постигне траен светски мир. Ова од говорница во македонското собрание го порача претседателот на хрватскотот собрание, Гордан Јандроковиќ, зборувајќи за војната во Украина и превирањата кои се случуваат на глобалната политичка сцена во тој контекст.

„Последните месеци сведоци сме дека на двете страни од Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир. Времето ќе покаже во која мерка е возможно да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да биде одржлив и праведен, а не да биде неизвесна иднина“, рече Јандроковиќ.

Јандроковиќ повлекувајќи паралали меѓу искуството на Хрватска со војната во 90-те години и сега војната Украина, рече дека Киев мора да биде вклучен во разговори за постигнување на мир, во спротивно тоа би бил силен удар врз меѓународното право и промовирање на поредок врз моќта на посилниот.

„Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците, бидејќи тоа ја доведува во опасност нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би бил и силен удар врз меѓународното право и врз светот кој го градиме од Втората светска војна наваму. Не може да се размрда тој поредок, затоа што тоа ќе биде неверојатен преседан којшто ќе создаде нестабилност и којшто ќе значи оправдување на агресија“, рече Јандроковиќ.

Јандорковиќ кој се наоѓа во официјална посета на Македонија, во говорот се осврна и на патот на земјава кон ЕУ, при што рече дека не е коректно што земјава пет години чека за формален старт на преговорите за членство. Тој проговори и на македонски јазик, а ги цитираше стиховите на Дадо Топиќ од песната „Македонија“.

„Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ви се обратам. Благодарам за оваа можност. За жал, македонскиот јазик го разбирам, но не го зборувам, па ќе продолжам на хрватски јазик. Сакам да кажам дека пријателството меѓу Хрватска и Македонија е многу силно. Потврдата за тоа го чуствувам на секој чекор. Од првиот момент кога сум овде, таму каде што грее златното сонце, како што пее Дадо Топиќ, мој омилен хрватски пеач. И тој вели дека додека Вардар ги гушка полињата со жита, таа ги воодушевува сите срца, ги воодушевува сите луѓе“, рече Јандроковиќ.  

Јандорковиќ обраќањето во пред македонските пратеници го заврши со порака дека време на неизвесност, кога двете најмоќни организации НАТО и ЕУ се пред предизвик, единствен вистински пат е следење на глобалните движења со претпазливост и предвиливост, да се работи на одбраната, но и да се стои до пријателите и сојузниците, како што се, како што рече, се Хрватска и Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе