На 89-годишна возраст почина легендарниот светски шаховски шампион, Борис Спаски. Веста за неговата смрт ја потврди претседателот на Руската шаховска федерација, Андреј Филатов.
„Замина голема личност, неговите партии создаваа, учеа и уште многу генерации шахисти. Голема загуба за земјата“, изјави Филатов.
Спаски е роден во Санкт Петербург во 1937 година.
Светски шампион беше од 1969 година до 1972 година, а неговиот меч со Роберт Фишер во 1972 година беше прогласен за „меч на векот“ и ќе остане запаметен во шаховската историја.
