Балкан Вести Топ вести

Српските студенти ќе блокираат три моста во Нови Сад  

Три месеци од уривање на настрешницата на железничката станица каде 15 лица ги загубија своите животи. Студентите во Србија симболично ќе блокираат три моста во Нови Сад. Под блокада во попладневните часови денес ќе бидат Жежељовиот и Варадинскиот мост на три часа, а 24 часовна блокада е предвидена на Мостот на слободата.

Студентите од Белград кои во дводневен марш вчеравечер пристигна во Нови Сад беа пречекани со храна и пијалаци од тамошните студенти и граѓани.

„Се чувствувам пред се многу среќно, гордо на сите овие луѓе, на белграѓаните кои два дена одеа до тука, на кои ни малку не им е лесно. Ги гледам цело време куцаат, имаат жулење, ги болат нозете. Многу сум среќна, горда на мојот Нови Сад кој ги дочека“ изјави студентка од Нови Сад.

Тие по пристигнувањето веднаш се упатија кон железничката станица и положија 15 венци и одржаа 15 минутен молк. Со надеж дека ќе се изборат за подобро утре.

„Се надевам дека ќе се избориме со се што не снајде и дека ќе живееме во една далеку подобра и посредена земја каква и што заслужуваме“ изјави студент кој е дел од протестот.

Студентите формираа работни групи за да организираат различни аспекти на протестот. Предвидена се групи за обезбедување, инфомирање, транспорт, хигиеничари и логистика. На протестот ќе се приклучат и средношколците, како и универзитетски професори и асистенти и други граѓани.

Студентите објавија и мапи на движење на граѓаните до сите три моста. Околу Мостот на слободата ќе биде поставена бина од која ќе се организираат разни видови програми, организирани се и места каде што ќе се паркираат трактори и мотоциклисти, а ќе биде обезбедена и лента за брз сообраќај за итна помош и противпожарните служби. Студентскиот медиумски тим најави дека протестот ќе го пренесува во живо во текот на целиот период.

Протестите продолжуваат бидејќи според студентите барањата не се исполнети. Тие бараат одговори за трагичниот настан, како и објавување на комплетната документација за реконструкцијата на Железничката станица, утврдување на одговорните за несреќата, а барањата беа дополнети и со нови, меѓу кои и гонење на напаѓачите на демонстрантите по трагедијата во Нови Сад и ослободување на уапсените активисти, запирање на кривичните постапки против нив, како и зголемување на буџетот за високото образование за 20 отсто.

 Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе