Спорт Фудбал

Јувентус тргнува по Озимен: Влаховиќ си заминува

Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота бара нов напаѓач што би го заменил Душан Влаховиќ, а неговиот избор е Виктор Озимен од Галатасарај.

Нигериецот е на позајмица од Наполи и во неговиот договор има откупна клаузула од 75 милиони евра. Сепак, клаузулата важи за клубови надвор од Италија, па доколку Јувентус сака да го купи Озимен ќе мора да седне на преговори со лутиот ривал од југот на Апенините.

Напаѓачот игра одлично во дресот на турскиот тим сезонава и веќе има 17 голови на 21 настап. Дека тренерот на Јувентус не е убеден во квалитетите на Влаховиќ, покажува и фактот што клубот го доведе Рандал Коло Муани на позајмица од ПСЖ. Србинот се очекува следното лето да биде продаден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе