Вести Македонија Најважни

Уапсен Раде Трајковски – Штекли

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во полициска акција по Наредба на Обвинителството за организиран криминал лишен од слобода е Раде Трајковски – Штекли. Тој се сомничи за трговија со дрога, а МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата група која тој ја предводел. Како што објавуваат некои медиуми, тој е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.

На средината на ноември имаше експлозија во неговиот двор во Керамидница. Трајковски мина со лесни повреди и изгореници по телото. Тоа беше трет неуспешен напад врз него. Претходните два се случија во трговскиот центар „Ист Гејт“, еднаш во гаражата од возило во движење, вторпат на ескалатор,  кога тој мина со полесни повреди. Истрагата претпоставува дека станува збор за напади кои се дел од престрелките на скопските криминални групи.

Во судското досие има две пресуди, едната шестмесечна затворска казна за тешки телесни повреди и насилство поради која беше испорачан лани во февруари. Втората пресуда за исто дело насилство извршено пред десетина години му била двегодишна затворска казна.

Штекли бил осуден додека бил во бегство, а лани откако во март ја доиздржал полугодишната затворска казна тој барал повторување на судската постапка и во април 2023-та добил условна казна.

КОД реконструкција на нападот врз Штекли, егзекуторот стигнал со такси, а исчезнал со црно ауди

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе