Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО) Поставената елка на плоштадот не е доволна сметаат граѓаните

На плоштадот во Скопје поставена е новогодишна елка. Треба да симболизира радост пред новогодишните празници, но скопјани не се многу задоволни од тоа како изгледа градот.

За тоа колку пари се потрошени за новогодишно украсување на градот, дали Град Скопје го заврши украсувањето,  ќе има ли прослава на плоштадот за дочекот на Новата година и колку би чинела? Низа прашања за кои побаравме одговор во Град Скопје, но не добивме одговор.

На неколку километри од плоштадот, во населбата Аеродром, кај спортскиот ценар Јане Сандански поставен е новогодишен базар. Наречен е Зимзоленд.

Освен лизгалиштето,тука е и куќата на Дедо Мраз, луна паркот. Луѓето кои ги затекнавме овде се задоволни од понудата. Ги има и од Скопје но и од другите градови.

Зимзоленд ќе биде отворен до 19-ти јануари. Организирање новогодишен базар на плоштадот Јадран најави и општина Центар. Дали градските власти ќе организираат дочек и музичка програма на главниот плоштад сеуште не е познато.

Мартин Трајчевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе