Вести Економија Македонија

Еуросупер БС-95 и дизелот поевтинуваат за денар, Еуросупер БС-98 за половина денари – нови цени на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензинот Еуросупер БС-95, дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V и Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за еден денар, а за половина денар Еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 76 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 78,5 денари, Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 71 денар за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 69,5 денари.

Поскапува Мазутот М-1 НС, за 0,521 денар и килограм ќе чини 45,5 258 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,72 проценти во однос на цените со одлуката од 25. минатиот месец.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,985 проценти, кај дизелот за 3,209 проценти, кај екстра лесното масло за 2,935 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 0,902 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5679 проценти“, информира РКЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со бројни антологиски хитови остави неизбришлива трага во современата македонска музика – реакции по смртта на Владо Јаневски

Дејан Дејан

Загинаа пет почетници скокачи, пет инструктори и пилотот – авионот имал дефект паднал вертикално

Дејан Дејан

Ја задушил а потоа тврдел дека му се јавила во сон и му кажала каде да оди да ја спаси – обвинителството бара притвор за мажот кој два дена го криеше телото на сопругата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе