Балкан Вести Топ вести

18-годишник усмртил 17-годишен ученик во Лесковац на враќање од школо

Седумнаесетгодишниот тинејџер (А.И.) од Лесковац починал како последица од повредите со кои се здобил кога бил претепан од еден негов врсник. Полицијата го уапсила осумнаесетгодишниот (Н.А.) од Лесковац поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство.

Тинејџерот починал во 15 часот и 45 минути, а лекарите се обидувале да го оживеат. Осомничениот бил многу проблематичен и веќе познат на полицијата. Полицијата пред само неколку дена извршила претрес во неговата куќа. Убиената тинејџерка била била нападната кога се враќала од училиште.

Според српските медиуми 18 годишниот го удрил во глава со рака 17 годишното момче, а откако паднал продолжил да му нанесува телесни повреди по главата и телото. На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство во Лесковац.

Неколку часа по нападот на момчето кое им подлегна на повредите, полицијата уапси неколку малолетници.

За убиството во Лесковац зборуваше и Ивица Дачиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе