Вести Македонија Најважни

17 ноември – Ден на Уставот

Вака почна свечената седница на Собранието на 17-ти ноември 91 година, за да го одбележи донесувањето на првиот Устав на независна Република Македонија. На пратениците им се придружија претседателот Глигоров, академици, министри, борци од НОБ, господин господин Гаврил и други авторитети.

На значењето на овој ден не потсети чуварот на Уставот, Уставниот суд. Претседателот Дарко Костадиновски  посочува дека ова треба да биде потсетник за секој од нас „да не ги изневери наследените надежи, да придонесува за градење на правната држава и да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот“.

  • „Граѓаните да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани слободата, демократијата и правната држава“ изјави Дарко Костадиновски, претседател на Уставниот суд.

Месец и половина по изгласувањето, дојдоа првите измени на Уставот. Со првите два амандмани, нагласивме дека немаме територијални претензии кон соседите и дека нема да се мешаме во нивните внатрешни работи. По воениот конфликт во 2001-та и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, беа изгласани 15 амандмани за подобрување на правата на заедниците и прогласување на јазикот што го говорат над 20 одсто како втор службен јазик. Последен пат е менуван пред 6 години за да се додаде придавката „северна“ во името на државата.

Барањата за нови измени се многубројни: и стручни и политички. Сега, внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за продолжување на евроинтеграциите. Но, премиерот Мицкоски не планира брзи уставни измени.

Од 91 до сега, Уставот беше менуван 8 пати. При тоа, доби вкупно 36 амандмани. Деветтите измени остануваат неизвесни: не толку поради нивната содржина, колку поради времето кога би почнале да важат и поради можноста да ги стопираат евентуалните нови надворешни барања за отварање на нашиот Устав.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе