Вести Наука и здравје

Роботите во Кина станаа секојдневие

Роботите со вештачка интелигенција станаа секојдневие во животот на луѓето во Кина. На Светската конференција за роботи во Пекинг оваа година беа презентирани хуманоидни роботи кои можат да готват, чистат, па дури и да диплат облека.

Други роботи кои беа презентирани покажаа како можат да им помогнат на земјоделците во берба на земјоделските култури, а измислени се роботи кои ќе можат да помагаат на постари лица вклучувајќи го и скринингот за Алцхајмерова болест.

Возила без возач, пак, станаа реалност во провинцијата Анхуи во источна Кина, каде што локалното население може бесплатно да се вози во автобуси без возачи. Локалните жители се задоволни и мислат дека ваквиот начин е безбеден и поедноставен од претходно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе